Драмска работилница за деца во Капиштец

 

Децата од општина Центар ќе глумат и ќе гледаат театарска претстава на драмската работилница, која ќе се одржи денеска во 18:30 часот, во паркот Капиштец, во рамки на циклусот од седум настани „На одмор сум во Скопје сум - Општина Центар мисли на мене“.

Организатор е локалната самоуправа, а целта е на интересен и креативен начин да ги едуцираат децата за време на училишниот распуст и да поттикнат дружење на возрасните. 

- Преку работилница ќе ја доближиме оваа уметност до најмладите. Да дознаат и научат што се треба да се направи за реализацијата на претставата преку поставување драмска игра и кореографија, наведуваат од Општината.

Во рамки на цисклусот досега се одржани две работилници - музичка и ликовна, на кои присуствувале по најмалку 200 деца. 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.