Општина Центар ја реконструира улицата „Бигла" на Водно

Ул. „Бигла"

Oпштина Центар ја започнува реконструкцијата на улицата „Бигла“ на Водно која на места немаше асфалт, а беше полна со ударни дупки кои претставуваа опасност за движење на граѓаните и возилата, соопштија од општина Центар.


Улицата „Бигла“, која се наоѓа спроти Клиничкиот центар, ќе добие нов водовод, асфалтиран коловоз со површина од 520 м, реконструирано осветлување, а каблите на операторите ќе бидат спуштени под земја. Со ова, повеќедеценискиот проблем на жителите на „Бигла“ ќе биде надминат.


- Ова е деветта улица на Водно, која што се реконструира. Завршена е обновата на првиот дел од “Питу Гули“, а во тек е реконструкцијата на вториот дел, која опфаќа нова атмосферска и водоводна мрежа и нови тротоари и коловоз, се вели во соопштението од општината.


Оттаму информираат и дека на улицата „Тасино Чешмиче“ бил поставен асфалт, на „Новопроектирана 4“ асфалт и атмосферска канализација, на улицата „Партениј Зографски“ асфалтиран коловоз и тротоари, а оштетената улица „Ѓорги Скрижевски“ добила нов коловоз. На улицата „Христо Чернопеев“ има нова водоводна и атмосферска мрежа, асфалтирана улица и тротоари и потпорни ѕидови. Улицата „Загребска“ добила нов асфалт и тротоари и на падините на Водно пробиена е улицата „Новопроектирана 2“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.