Комплетирани првите осминафинални средби од Лигата на фудбалските шампиони

 

Три четвртини од домаќинствата во Хрватска се соочуваат со недостиг на пари

 

Во Бугарија отворена прва кинеска фабрика за автомобили во Европа

 

Кардашијан со уште едно порно видео

Општина Центар започна со активностите за изградба на новопроектирана улица, крак на ул.Максим Горки

 

ОУ Вера Јоциќ победник на турнирот во футсал за девојчиња

Вардар про забележаа минимална победа од 23-22 на гостувањето во Шабац против тимот на Металопластика

 

Адел и Ед Ширан освоиа по две БРИТ награди

 

 

 

 

Температурните разлики идеални за развој на вируси, расте бројот на заболени од грип

Автор: 
Славица Савеска

 

Затопленото време полека ги полни амбулантите. Само во шесттата недела од 2012 година, Јавната здравствена установа Институт за Јавно здравје на Република Македонија, регистрирала 540 ново заболени лица од грип, од кои половината, односно 50,6% се на возраст од 15 до 64 години. Колку за илустрација, во текот на месец јануари биле пријавени вкупно 885 заболени лица.

Гледано според месеци, оваа сезона на грип која започна во 40. недела од 2011 година, односно од месец октомври, бројот на лица со регистриран грип е убедливо најголем во февруари 980 лица, или 36,8% од вкупниот број на заболени лица оваа сезона.

Имајќи предвид дека податоците се однесуваат само за првите 2 седмици од месец февруари, се очекува до крајот на месецот оваа бројка да порасне.

Со пресметка на сите податоци, заклучно со шесттата недела од тековната година, во сезоната 2011/2012 регистрирани се вкупно 2.665 лица.

Новите зголемени температури дополнително придонесуваат за развој на бактерии и вируси.

Ако студот го оневозможуваше нивниот развој, тогаш топлото време е оаза за развој на бактерии.

Во ситуација каде надворешната температура достигнува и до 10 степени, вирусите и бактериите наоѓаат погодно место за развој.

Затоа потребна е голема внимателност, проветрување на просториите, засилена хигиена, но и внесување на витамини и минерали со цел избегнување на болести карактеристични за овој период од годината.

Според Институтот за Јавно здравје на Република Македонија, состојбата со грип во земјава по интензитет и распространетост на заболувањето е очекувана и се прогнозира стабилен тренд на пораст во следните недели.
 

Објавено на 22/2/2012 во 19:44

ОУ Вера Јоциќ победник на турнирот во футсал за девојчиња

Автор: 
Томислав Атанасовски

 

Поволните временски услови придонесоа да се вратат и спортистите и учениците во спортските сали и да ги продолжат своите натпреварувања во повеќе спортови.

За таа цел сојузот за училишен спорт на општина Гази Баба донесе решение да се одиграат натпреварите во футсал, ракомет и одбојка за девојчиња во општината.

Минатиот викенд се одиграа натпреварите во футсал кај девојчињата. По одиграните 9 натпревари во борба за третото место се сретнаа ОУ Кирил и Методиј и ОУ Крум Тошев, а за првото место играа ОУ Наум Наумовски Борче и ОУ Вера Јоциќ.

Па така ОУ Кирил и Методиј го освои третото место, со победата од 3-0 против ОУ Крум Тошев, а ОУ Вера Јоциќ по подобро изведување на пеналите со 5-3 го победи ОУ Наум Наумовски Борче и го освои првото место на турнирот.

Овој викенд продолжуваат натпреварите од училишните спортски лиги во oпштина Гази Баба каде на програмата во сабота на 25 февруари се натпреварите во одбојка кои започнуваат во 9 часот.

Истите ќе се одиграат во новата спортска сала во ОУ Крум Тошев.

Следниот викенд се финалните натпревари во ракомет кои исто така започнуваат во 9 часот, а ќе се одржат во спортската сала Методија Андонов Ченто.

На овие турнири учествуваат околу 500 ученици од основните училишта од подрачјето на општина Гази Баба.
 

Објавено на 22/2/2012 во 19:36

Културни случувања во општина Илинден

Автор: 
Ружица Крстовска

 

Општина Илинден секојдневно е зафатена со реализирање на зацртаните планови и се разбира со воведување на нови проекти и активности на кои се работи.

Воведувањето на новиот проект наречен ,,На кафе со градоначалникот,, каде граѓаните имаа можност да остварат опуштена средба со градоначалникот Стојановски, разговарајќи за неврзани теми продолжува.

Но ова не е се општина Илинден, исто така, деновиве го изработи календарот на планирани културни активности за 2012. Впрочем општината даде сигнал кој кажува дека и културните збиднувања заземаат посебно место во планираните активности.

Во месеците  што следуваат општина Илинден ќе продолжи со своите традиционални културни манифестации и свечености.

Имено по одржувањето на Патрониот празник на детската градинка ,,Гоце Делчев,, следна културна манифестација ќе биде традиционалната Априлијада за деца и традиционалната велигденска акција ,,Подарете книга за велигденско јајце,,.

Тука треба да се спомене и спортскиот викенд насловен и ,,Ние навиваме за Македонија,, и секако најголемиот културен настан кој традиционално се одбележува како најголема и најзначајна манифестација на општината ,,Денот на општината,,2 август Илинден,,.

Сите претходно споменати манифeстации се одржуваат секоја година а организатор на истите е општина Илинден.

Но ако не го заборавиме фактот дека општината секогаш не изненадува со нешто ново ова би значело дека постои можност да се вметне уште некоја културна манифестација во календарот на планираните активности од доменот на културата за 2012 година.

Дали ќе биде така останува да видиме ?

Објавено на 22/2/2012 во 19:28

Општина Центар започна со активностите за изградба на новопроектирана улица, крак на ул.Максим Горки

Автор: 
Марија Петковска

 

Во општина Центар денеска започнаа градежните работи за изведба на нова улична мрежа на крак на улицата ,,Максим Горки,,.

Кракот ќе се протега од завршетокот на постојната улица Максим Горки, се до новата катна гаража кај МЕПСО. Изградбата на овој крак опфаќа комплетно нова фекална и атмосферска канализација, асфалтирање во должина од 254 метри, ширина од 7 метри и поплочување на пешачки патеки со павер елементи со ширина од 2 метри.

Покрај подобрување на функционалноста на улицата, ќе се направи и хортикултурно уредување на истата, а градоначалникот Тодоровиќ упати апел до граѓаните за разбирање што во наредниот период во овој дел од градот поради градежните работи просторот ќе биде неуреден.

Градежните работи поврзани со асфалтирање на улицата ќе ги изведува градежната фирма ,,Гранит,,, фекалната и атмосферската канализација е во изведба на ,,Беграмо,,, а поплочување на пешачките патеки ќе го врши ,,Анизор,,. По должина на целиот крак ќе биде изведено комплетно осветлување, а неговата изведба ќе ја врши ,,Елтра,,.

Вкупната инвестиција ќе изнесува околу петнаесет милиони денари, средства одвоени од буџетот на општина Центар, а со комплетното хортикултурно уредување и осветлување оваа сума ќе достигне и до 20 милиони денари.

Изградбата на улицата е предвидено да трае 3 месеци.

Објавено на 22/2/2012 во 19:21

Во Бугарија отворена прва кинеска фабрика за автомобили во Европа

Автор: 
Марија Петковска

 

Во Бугарија е отворена фабрика на кинеската автокомпанија „Great wall motors“ и тоа е прв кинески погон за изработка на автомобили во Европа.

Планот на компанијата е извоз на тие автомобили на европскиот пазар.

Фабриката е отворена во близина на селото Баховица, на север во Бугарија.

Во фабриката, изградена во соработка со бугарската Литекс мотори, ќе се вработат 150 луѓе и годишно ќе се произведуваат околу 4.000 автомобили.

Плановите се производство во иднина на 50.000 автомобили и 2.000 вработени.

Првите автомобили за извоз во Македонија, Албанија и Црна Гора се очекуваат до крајот на 2012 година, а оваа година се очекуваат и преговори за продажба во Србија.
 

Објавено на 22/2/2012 во 19:10

Три четвртини од домаќинствата во Хрватска се соочуваат со недостиг на пари

Автор: 
Марија Петковска

 

Секое хрватско домаќинство во текот на минатата година во просек располагало со по околу 6.610 куни или 890 евра месечно, сума која според три четврини од нив била недоволна за нормален живот.

Според истражувањето , 72% од домаќинствата во Хрватска сметаат дека нивните месечни приходи се пониски од неопходните за нормален живот, 8 % сметаат дека им се повисоки, а 17 % дека имаат токму онолку колку што им е потребно.

Анкетираните сметаат дека за задоволување на основните месечни потреби на едно семејство се потребни најмалку околку 1.200 евра.

Најголем дел од месечните приходи или 29 %, едно домаќинство издвојува за храна и пијалоци, а ако на ова се додадат и трошоците за струја, греење, вода и комуналии, произлегува дека само за задовлување на основните животни потреби едно домаќинство во Хрвтска троши 48 % од заработеното.

Во споредба со 2010 година, минатата година Хрватите потрошиле за 5% помалку средства за храна и пијалоци, за 7% помалку за превоз, а за 13 % помалку за облека и обувки.
 

Објавено на 22/2/2012 во 19:05

Глобалното производство на челик намалено за 7,8%

Автор: 
Марија Петковска

 

Глобалното производство на челик во текот на минатиот месец е намалемо за 7,8 % на годишно ниво, а само во Кина, која е најголем светски производител на челик, е регистриран пад од околу 13 %.

Причина за намаленото производство е падот на побарувачката во индустрискиот сектор, предизвикана од несигурните перспективи на глобалниот економски развој.

Во јануари 2012 година ширум светот вкуно се произведени 117 милиони тони челик, што претставува пад од 7,8 % во однос на истиот месец минатата година.

Во првиот месец од оваа година во Кина се произведени вкупно 52,1 милиони тони челик, додека во вториот по големина производител на овој репрометеријал во светот Јапонија, се произведени 8,6 милиони тони, што претставува намалување на годишно ниво од 10,6 %.

Експертите за челик и железо минатата година предвидуваа значително зголемување на побарувачката на челик во текот на оваа година, но ваквите прогнози засега не се остваруваат.
 

Објавено на 22/2/2012 во 19:00

Трошоците на живот во јануари повисоки за 1,2 %

Автор: 
Марија Петковска

 

Цените на мало во јануари годинава во однос на декември минатата година биле повисоки за 1,6 %, а трошоците на живот за  1,2 %. Споредено со јануари минатата година во јануари годинава цените на мало и трошоците на животот се зголемени за 3,4 %, објави Државниот завод за статистика.

Порастот на трошоците на живот во јануари годинава во однос на декември минатата година од 1,2 % е резултат на повисоките  цени на зеленчукот за 10 %, сушеното овошје за 1,3 %, преработките од зеленчук за 0,7 %, тестенините и кондиторските производи за 0,6 % и месото и преработките од месо за 0,5 %. 

Во јануари статистиката евидентира пораст на трошоците на животот кај централното греење за 10,3 %, електричната енергија за домаќинствата за 7,8 %, нафтените деривати за 2,1 %, средствата за рекреација за 1,5 %, цврстите горива за 1,3 %, течните горива и гасот и патничките автомобили за 0,7 %, козметичките производи за 0,5 %, лековите и средствата за образование за 0,4%, облеката за 0,3 % и средствата за хигиена за 0,2 %.

Намалување на трошоците на живот во јануари во споредба со декември, е забележано кај овошјето за 3,1 %, мастите за 1,4 %, рибата за 0,6 %, јајцата за 0,4% и алкохолните пијалаци за 0,2 %.

Намалување на трошоците на живот има и кај садовите и приборот за домаќинствата за 0,8 %, обувките за 0,6 % и мебелот за 0,3 %.
 

Објавено на 22/2/2012 во 18:55

Комплетирани првите осминафинални средби од Лигата на фудбалските шампиони

Автор: 
Томислав Атанасовски

 

Комплетирани првите осминафинални средби од Лигата на фудбалските шампиони.

Наполи на Горан Пандев го победи Челзи на Сан Паоло со 3:1. Челзи го отвори резултатот со голот на Хуан Мата во 27 минута, но радоста на гостите кратко траеше. На 1-1 израмни Лавеци во 39 минута, а Кавани во 2 минута од судиското продолжување на првото полувреме го доведе Наполи во водство со 2-1. Конечниот резултат го постави Лавеци, со својот втор гол на мечот во 65 минута.

Горан Пандев ги одигра последните 10 минути од натпреварот, кога влезе во игра на местото на Лавеци. Пандев еднаш успеа да се закани кон голот на Челзи, но неговиот удар беше непрецизен.

На вториот вчерашен натпревар што се играше од 18 часот во Москва фудбалерите на ЦСКА и Реал Мадрид одиграа нерешено 1:1 во првиот натпревар.

Ова беше прв меѓусебен натпревар во историјата на овие два клуба, а патникот во четврфиналето ќе биде познат по реванш мечот од осмина финалето на Лигата на шампионите, што на 14 март ќе се игра во Мадрид на Бернабе. Гостите поведоа во 28 минута преку Кристијано Роналдо, а изедначи Швеѓанецот, Понтус Верблум во последната минута од судиското надополнување.

Објавено на 22/2/2012 во 18:36

Вардар про забележаа минимална победа од 23-22 на гостувањето во Шабац против тимот на Металопластика

Автор: 
Томислав Атанасовски

 

Ракометарите на Вардар про забележаа минимална победа од 23-22 на гостувањето во Шабац против тимот на Металопластика на дуелот во рамките на СЕХА лигата.

Со триумфот, кој беше обезбеден во последната минута од возбудливиот и неизвесен натпревар, „црвено-црните“ избија на чело на табелата на регионалното балканско натпреварување.

Најефикасни со по 6 постигнати гола беа Ратко Николиќ од Вардар и Милош Митровиќ од Металопластика.

Денеска ќе се одиграат уште 4 натпревари од ова натпреварување, а настап ќе има и македонскиот шампион Металург, каде во Автокоманда го пречекува Борац од Бања Лука.

Објавено на 22/2/2012 во 18:28