Од Париз до Ерусалим, од Венецуела до Киншаса или можеби директно во Канкун.. сите патувања од соништата во ,,Компас,, на MTM. Без просторни и временски ограничувања, до најдалечните дестинации во секое време. Патуваме сите заедно, без оглед колку тоа чини.,,Компас,, ги води своите гледачи на ароматичен коктел на брегот на Црвеното море, на прошетка во тропските шуми на Бразил, на егзотичните плажи во лагуните на Индискиот окен.. или во вечниот град Рим, во златниот град Лисабон, или во ,,Големото јаболко,, Њу Јорк. Во ,,Компас,, нема невозможни патувања.Само посакај.И не заборавај.. донеси парче љубов од земјата на твоите соништа.. можеби токму Ти си следниот гостин во ,,Компас,,. Среќен пат!