Комплетирани првите осминафинални средби од Лигата на фудбалските шампиони

 

Три четвртини од домаќинствата во Хрватска се соочуваат со недостиг на пари

 

Кардашијан со уште едно порно видео

 

Адел и Ед Ширан освоиа по две БРИТ награди

 

 

 

 

Вардар про забележаа минимална победа од 23-22 на гостувањето во Шабац против тимот на Металопластика

Општина Центар започна со активностите за изградба на новопроектирана улица, крак на ул.Максим Горки

 

Во Бугарија отворена прва кинеска фабрика за автомобили во Европа

 

ОУ Вера Јоциќ победник на турнирот во футсал за девојчиња

ФОЛК МЕТАР

 

Во наплив на многу неквалитет и кич во народната музика, МТМ телевизија втора сезона со емисијата ФОЛК МЕТАР го демантира тоа. Интервјуа со познатите и со помалку познатите личности кои го негуваат фолкот како музички жанр. Избор на квалитетна музика и многу вести за македонската естрада. Триесеттина минути посветени на фолк музиката, сосем доволни да се задржи вниманието на гледачите, но и да се зачува македонската традиција низ фолклорот преточен во песна.

Петок (Премиера) 15:00 ; (Реприза) Сабота 17:30
Објавено на 31/1/2012 во 12:26

НОВА

 

Бидете ведри, бидете здрави, негувајте ја убавината и следете ги модните трендови. Откријте нова идеа за уредување на Вашиот дом. Научете нешто ново од интересни личности - гости во нашето студио. Забавен магазин за целото семејство. Гледајте ја НОВА едукативна, забавна и ведра емисија на МТМ.

Четврток (Премиера) 15:00 ; (Реприза) Петок 01:12
Објавено на 31/1/2012 во 12:18

БЛИСКИ СРЕДБИ

 

Една од најстарите емисии на МТМ. Се емитува цели 10 сезони.По медиумска форма Блиски средби е интервју, во кое во hard talk традиција, во фокус се ставаат најинтересните општествени, културни и социјални настани. Низ атрактивен дијалог, секогаш со еден гостин, се нудат прашања и одговори на теми поврзани со животот, ставот кон предизвиците, анализа на настани и феномени, за кои гледачите се интересираат."Мали" и "големи" луѓе со помалку или повеќе значајни теми, со малку или многу интересни одговори...такви се Блиски средби на МТМ.

Среда (Премиера) 15:00 ; (Реприза) Четврток 01:12
Објавено на 31/1/2012 во 12:12

ГРАД

 

ГРАД - ЕМИСИЈА СО МИСИЈА, НО БЕЗ АМБИЦИЈА!

Отворена програма во живо, со МИСИЈА на еден многу приэемен, непосреден, човечки начин да проговори эа сите грди, но и убави нешта кои го эасегаат секојдневното градско живеење. Но, беэ никаква амбиција дека ќе ги реши проблемите, а уште помалку да оправда (ама баш) ничии очекувања. ГРАД е новороденче во големото семејство на МТМ, почна во сеэоната есен 2009, но уште од раѓање има обележја на искусен старец. Настојува да биде - едукативен, - инспиративен,- темелен, - интересен...поинаков. Да понуди диоптрија на согледување на нештата које е малку пораэлична од секојдневното согледување на кое сме навикнати. Зборот ГРАД потекнува од прото-индо-европскиот глагол ГРЕДИ кој во основна форма е сочуван и денес во дијалектите на македонскиот јаэик со эначење : оди напред, напредува, гради иднина...

Вторник (Премиера) 15:00 ; (Реприза) Среда 01:02
Објавено на 31/1/2012 во 12:05

КОМПАС

 

Од Париз до Ерусалим, од Венецуела до Киншаса или можеби директно во Канкун.. сите патувања од соништата во ,,Компас,, на MTM. Без просторни и временски ограничувања, до најдалечните дестинации во секое време. Патуваме сите заедно, без оглед колку тоа чини.,,Компас,, ги води своите гледачи на ароматичен коктел на брегот на Црвеното море, на прошетка во тропските шуми на Бразил, на егзотичните плажи во лагуните на Индискиот окен.. или во вечниот град Рим, во златниот град Лисабон, или во ,,Големото јаболко,, Њу Јорк. Во ,,Компас,, нема невозможни патувања.Само посакај.И не заборавај.. донеси парче љубов од земјата на твоите соништа.. можеби токму Ти си следниот гостин во ,,Компас,,. Среќен пат!

Понеделник (Премиера) 15:05 ; (Реприза) Вторник 01:02
Објавено на 31/1/2012 во 11:55