Секој ден во неколку изданија ќе ве насмееме до солзи... Не пропуштајте
Солза и смеа ќе се емитува, секој ден во 11:20, 13:00, 15:00, 16:45, 19:45, 22:30
Нов Хумористичен Серијал "Солза и смеа" - Секој ден на МТМ Телевизија
Објавено на 10/2/2012 во 12:59
Урбани Вести
Информативната програма се реалзира преку секојдневно емитување вести и прилози од градот Скопје, Урбани вести, во кои по светските телевизиски стандарди се третираат теми за настаните во градот Скопје и околината.
Основни извори на информации се Градот Скопје и општините во градот и околината, како и гледачите со своите урбани проблеми со кои секојдневно се соочуваат...
Урбани Вести се емитуваат секој ден во три изданија, 16.55, 19.55, 22.55 часот.

Објавено на 21/6/2011 во 11:50
Спорт и Околу Спортот
Спорот е секогаш интересен за општата популација, па така и во оваа форма на краток информативен појас гледачите секојдневно дознаваат за актуелните спортски настани и личности во спортот...
Емисијата Спорт и Околу Спортот се емитува секој работен ден во три изданија, 17.20, 20.20, 23.10 часот

Објавено на 21/6/2011 во 11:48
Бизнис Медиум
Бизнис вести кои секојдневно информираат за бизнис настани од стопанството во државата и регинот. Во овие поинакви бизнис вести гледачите можат да видат и слушнат и по некоја занимливост од светот на парите...
Бизнис Медиум се емитува секој ден во три изданија, 17.10, 20.10, 23.10 часот.

Објавено на 21/6/2011 во 11:44
Актуел
Ова е последната кратка форма на дневни актуелни информации која за завршува целината на дневно-информативна програма на МТМ.
Во Актуел се третираат теми од шоу бизнисот, најчесто светски познати личности, но не ретко е застапена и македонската сестрадна сцена...
Актуел се емитува во три изданија дневно, 17.30, 20.30, 23.30 часот.

Објавено на 21/6/2011 во 11:43
Колосек
Колосек е претпладневна програма на МТМ, 120 мин. програмска содржина која на добар начин ги спојува информативноста и забавата, со доза на примарна опуштеност што е европски и телевизиски тренд. Целната група се гледачи од општа популација затоа што во Колосек се емитуваат колажни содржини од најразлични области...
Колосек се емитува во живо секој работен ден од 09.20 до 11.20 часот. Поради интерес од гледачите претпладневните разговори се репризираат попладне во 19.05 часот.

Објавено на 21/6/2011 во 11:40
МТМ Кошаркарска Лига
МТМ Кошаркарската Лига е проект на МТМ Телевизија во соработка со Кошаркарскиот Клуб Академија Баскет. Кошаркарската лига опфаќа над 250 деца кои се натпреваруваат во две категории родени 96/97 и 98/99 година од повеќе клубови во Скопје.
За сите љубители на спортот посебно на кошарката ви нудиме многу забава, дружење, возбудувања и награди од нашите спонзори во единствената кошаркарска емисија која ексклузивно се пренесува на програмата на МТМ Телевизија.
Гледајте МТМ Кошаркарска лига секоја недела во 11:45 часот.