Три четвртини од домаќинствата во Хрватска се соочуваат со недостиг на пари

 

Адел и Ед Ширан освоиа по две БРИТ награди

 

 

 

 

 

Комплетирани првите осминафинални средби од Лигата на фудбалските шампиони

 

Во Бугарија отворена прва кинеска фабрика за автомобили во Европа

 

Кардашијан со уште едно порно видео

Вардар про забележаа минимална победа од 23-22 на гостувањето во Шабац против тимот на Металопластика

 

ОУ Вера Јоциќ победник на турнирот во футсал за девојчиња

Општина Центар започна со активностите за изградба на новопроектирана улица, крак на ул.Максим Горки

Температурните разлики идеални за развој на вируси, расте бројот на заболени од грип

Автор: 
Славица Савеска

 

Затопленото време полека ги полни амбулантите. Само во шесттата недела од 2012 година, Јавната здравствена установа Институт за Јавно здравје на Република Македонија, регистрирала 540 ново заболени лица од грип, од кои половината, односно 50,6% се на возраст од 15 до 64 години. Колку за илустрација, во текот на месец јануари биле пријавени вкупно 885 заболени лица.

Гледано според месеци, оваа сезона на грип која започна во 40. недела од 2011 година, односно од месец октомври, бројот на лица со регистриран грип е убедливо најголем во февруари 980 лица, или 36,8% од вкупниот број на заболени лица оваа сезона.

Имајќи предвид дека податоците се однесуваат само за првите 2 седмици од месец февруари, се очекува до крајот на месецот оваа бројка да порасне.

Со пресметка на сите податоци, заклучно со шесттата недела од тековната година, во сезоната 2011/2012 регистрирани се вкупно 2.665 лица.

Новите зголемени температури дополнително придонесуваат за развој на бактерии и вируси.

Ако студот го оневозможуваше нивниот развој, тогаш топлото време е оаза за развој на бактерии.

Во ситуација каде надворешната температура достигнува и до 10 степени, вирусите и бактериите наоѓаат погодно место за развој.

Затоа потребна е голема внимателност, проветрување на просториите, засилена хигиена, но и внесување на витамини и минерали со цел избегнување на болести карактеристични за овој период од годината.

Според Институтот за Јавно здравје на Република Македонија, состојбата со грип во земјава по интензитет и распространетост на заболувањето е очекувана и се прогнозира стабилен тренд на пораст во следните недели.
 

Објавено на 22/2/2012 во 19:44

ОУ Вера Јоциќ победник на турнирот во футсал за девојчиња

Автор: 
Томислав Атанасовски

 

Поволните временски услови придонесоа да се вратат и спортистите и учениците во спортските сали и да ги продолжат своите натпреварувања во повеќе спортови.

За таа цел сојузот за училишен спорт на општина Гази Баба донесе решение да се одиграат натпреварите во футсал, ракомет и одбојка за девојчиња во општината.

Минатиот викенд се одиграа натпреварите во футсал кај девојчињата. По одиграните 9 натпревари во борба за третото место се сретнаа ОУ Кирил и Методиј и ОУ Крум Тошев, а за првото место играа ОУ Наум Наумовски Борче и ОУ Вера Јоциќ.

Па така ОУ Кирил и Методиј го освои третото место, со победата од 3-0 против ОУ Крум Тошев, а ОУ Вера Јоциќ по подобро изведување на пеналите со 5-3 го победи ОУ Наум Наумовски Борче и го освои првото место на турнирот.

Овој викенд продолжуваат натпреварите од училишните спортски лиги во oпштина Гази Баба каде на програмата во сабота на 25 февруари се натпреварите во одбојка кои започнуваат во 9 часот.

Истите ќе се одиграат во новата спортска сала во ОУ Крум Тошев.

Следниот викенд се финалните натпревари во ракомет кои исто така започнуваат во 9 часот, а ќе се одржат во спортската сала Методија Андонов Ченто.

На овие турнири учествуваат околу 500 ученици од основните училишта од подрачјето на општина Гази Баба.
 

Објавено на 22/2/2012 во 19:36

Културни случувања во општина Илинден

Автор: 
Ружица Крстовска

 

Општина Илинден секојдневно е зафатена со реализирање на зацртаните планови и се разбира со воведување на нови проекти и активности на кои се работи.

Воведувањето на новиот проект наречен ,,На кафе со градоначалникот,, каде граѓаните имаа можност да остварат опуштена средба со градоначалникот Стојановски, разговарајќи за неврзани теми продолжува.

Но ова не е се општина Илинден, исто така, деновиве го изработи календарот на планирани културни активности за 2012. Впрочем општината даде сигнал кој кажува дека и културните збиднувања заземаат посебно место во планираните активности.

Во месеците  што следуваат општина Илинден ќе продолжи со своите традиционални културни манифестации и свечености.

Имено по одржувањето на Патрониот празник на детската градинка ,,Гоце Делчев,, следна културна манифестација ќе биде традиционалната Априлијада за деца и традиционалната велигденска акција ,,Подарете книга за велигденско јајце,,.

Тука треба да се спомене и спортскиот викенд насловен и ,,Ние навиваме за Македонија,, и секако најголемиот културен настан кој традиционално се одбележува како најголема и најзначајна манифестација на општината ,,Денот на општината,,2 август Илинден,,.

Сите претходно споменати манифeстации се одржуваат секоја година а организатор на истите е општина Илинден.

Но ако не го заборавиме фактот дека општината секогаш не изненадува со нешто ново ова би значело дека постои можност да се вметне уште некоја културна манифестација во календарот на планираните активности од доменот на културата за 2012 година.

Дали ќе биде така останува да видиме ?

Објавено на 22/2/2012 во 19:28

Општина Центар започна со активностите за изградба на новопроектирана улица, крак на ул.Максим Горки

Автор: 
Марија Петковска

 

Во општина Центар денеска започнаа градежните работи за изведба на нова улична мрежа на крак на улицата ,,Максим Горки,,.

Кракот ќе се протега од завршетокот на постојната улица Максим Горки, се до новата катна гаража кај МЕПСО. Изградбата на овој крак опфаќа комплетно нова фекална и атмосферска канализација, асфалтирање во должина од 254 метри, ширина од 7 метри и поплочување на пешачки патеки со павер елементи со ширина од 2 метри.

Покрај подобрување на функционалноста на улицата, ќе се направи и хортикултурно уредување на истата, а градоначалникот Тодоровиќ упати апел до граѓаните за разбирање што во наредниот период во овој дел од градот поради градежните работи просторот ќе биде неуреден.

Градежните работи поврзани со асфалтирање на улицата ќе ги изведува градежната фирма ,,Гранит,,, фекалната и атмосферската канализација е во изведба на ,,Беграмо,,, а поплочување на пешачките патеки ќе го врши ,,Анизор,,. По должина на целиот крак ќе биде изведено комплетно осветлување, а неговата изведба ќе ја врши ,,Елтра,,.

Вкупната инвестиција ќе изнесува околу петнаесет милиони денари, средства одвоени од буџетот на општина Центар, а со комплетното хортикултурно уредување и осветлување оваа сума ќе достигне и до 20 милиони денари.

Изградбата на улицата е предвидено да трае 3 месеци.

Објавено на 22/2/2012 во 19:21

84 отсто од патниците се задоволни од услугата на модернизираните аеродроми во Македонија

Автор: 
Ружица Крстовска

 

Спроведената анкета на репрезентативен примерок од 400 патници, кои во периодот од септември до декември 2011 патувале преку аеродромите во Скопје и Охрид, покажа дека 84 отсто од нив се задоволни од услугите што ги нудат модернизираните аеродроми.

Истражувањето се однесувало на љубезноста на персоналот, цените, навременоста на летовите, испорака на багаж, царина, време на чекање редица, пасошка контрола и безбедносна проверка, информации за летови, брзина на чекирање, паркинг услуги, храна и пијалоци и други дополнителни услуги. За самите придобивки на ТАВ во Македонија, успесите и соработката беше кажано во самата презентација притоа беа прикажана и два кратки видео материјала од кои јасно беше претставена позитивната страна на модернизираните аеродроми.

Зголемување за 15 отсто бележи и вкупниот број патници на двата аеродроми во периодот од јануари 2010 до декември 2011 година.

Зголемувањето на скопскиот аеродром во тој период изнесува 11,5 отсто, додека на охридскиот бројот на патници се зголемил за фантастични 67,4 отсто.

Холдингот ТАВ Аеродроми  е меѓу водечките авио - оператори во светот.

Управува со инстанбулскиот аеродром Ататурк.

На аеродромите со кои управува ТАВ, секоја година обезбедува услуги за околу 420.000 летови и за просечно 48 милиони патници годишно.

ТАВ го презема управувањето со аеродромите ,,Алексанар Велики,, и ,,Свети Апостол Павле,, во Македонија на 1 март 2010. Овие аеродроми ќе бидат управувани од ТАВ во следните 20 години.
 

Објавено на 22/2/2012 во 16:27

Нова автобуска линија од Драчево до Железара

Автор: 
Елизабета Дамјаноска

 

ЈСП воведе нова автобуска линија која ќе ги поврзува населбите Драчево и Железара. Со тоа ќе им се олесни пристапот не само на жителите од овие две населени места, туку и на сите кои ќе ги користат пропратните станици.

Новата автобуска линија, со број 42 ќе биде пуштена од утре, а трасата на движење ќе биде следна:  село Драчево - улица "Китка", "Ратко Митровиќ","Првомајска", булевар "Србија", "Војводина", "Александар Македонски", "Шеснаесетта македонска бригада", "Коце Металец", населба Железара и обратно.

Од ЈСП Скопје, не добивме одговор дали освен воведувањето на оваа нова линија, во блиска иднина се планира да се воведат и други нови линии, по барање на жителите на главниот град.

Колку за потсетување, неодамна поскапе цената на билетите на ЈСП, што директорот Николов тоа го објаснуваше и оправдуваше со рентабилноста на претпријатието, но сепак наиде на незадоволство кај граѓаните. Но, и покрај новите цени на билетите, популарноста на автобусите никако да спласне, откако низ градов се возат нови, нископодни и двокатни автобуси, кои посебно се интересни за патниците.

Објавено на 22/2/2012 во 16:20

Општина Гази Баба обезбеди социјална помош за своите жители од најранливата категорија

Автор: 
Томислав Атанасовски

 

Општина Гази Баба во соработка со месните и урбаните заедници и Црвениот крст на Гази Баба деновиве спроведуваат заедничка акција за помош на најзагрозени социјално ранливи категории (стари и изнемоштени лица, болни, лица со хендикеп и социјални случаи).

Секретарите на месните и урбаните заедници од општината имаа задача да ги посетат овие семејства и да соберат податоци за нивните потреби. За таа цел општина Гази Баба обезбеди 50 пакети со прехрамбени и хигиенски артикли и 50 м³ дрва кои ќе се поделат на 50 семјства.

Патролни социјални екипи, претставници од општина Гази Баба и екипи од Црвениот крст Гази Баба, вклучени во проектот за помош на стари и изнемоштени лица континуирано ги посетуваат социјално загрозените семејства од подрачјето на општина Гази Баба.

Екипите од Црвениот крст, исто така на оние кои им е потребно ќе им помогнат со топла облека и обувки.
 

Објавено на 22/2/2012 во 16:16

Претседателот Иванов на Филолошки факултет по повод Светскиот ден на мајчиниот јазик

Автор: 
Марија Петковска

 

Претседателот Ѓорге Иванов денеска го посети Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Тој имаше средба со деканот, продеканите, шефовите на катедри и со студентите на факултетот.

Претседателот Иванов изјави дека Македонија е позитивен пример за изучување на јазиците на заедниците но, за жал, во соседните земји тоа не е случај.

Затоа, денешниот Светски ден на мајчиниот јазик нека биде повик и мотив секој да си го негува својот мајчин јазик и да не биде попречуван во тоа.

Деканот на Филолошки факултет, Максим Каранфиловски посочи дека на факултетот максимално се негува јазикот и дека настојуват да се исправат пропустите во претходните нивоа на образование.

УНЕСКО го прогласи 21 февруари за Светски ден на мајчиниот јазик, на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година.

Во светот денес се зборуваат околу 6.500 јазици, а на околу половина им се заканува исчезнување.

Според статистиката, во последните три века драматично се намалил бројот на јазици, особено на американскиот и австралискиот континент.

Околу 200 земји се пред предизвикот да ги зачуваат малите јазици и да се погрижат тие да се употребуваат заедно со светските јазици.

Објавено на 22/2/2012 во 16:11

80 комплети македонска литература на англиски јазик доставени низ светот

Автор: 
Ружица Крстовска

 

80-тина комплети од едицијата "130 тома македонска книжевност" преведена на англиски јазик се доставени до поголемите национални библиотеки во светот, амбасадите на РМ и црковните општини на МПЦ во странство, стручни и научни институции од областа на литературата.

Во списокот за дистрибуција планирани се вкупно 372 комплети, со кои светската јавност ќе се запознае со репрезентативниот избор на најдоброто од македонската книжевност создадена низ вековите.

До македонските амбасади ќе бидат дистрибуирани преку Министерството за надворешни работи, а во земји каде РМ нема амбасада книгите ќе бидат подарени во националните библиотеки.

Предвидена е достава во библиотеките во Перу, Колумбија, Мексико, Куба, Бразил, Аргентина, Иран, Ирак, Мароко, Нов Зеланд, Филипини и на многу други места. Проектот е реализиран од страна на НУБ,,Св."Климент Охридски" - Скопје.

Едицијата "130 тома македонска книжевност" ќе добие превод на шест јазици - германски, француски, руски, шпански, арапски и кинески.

Ќе има 8 тома за седум одделни книжевни редови - поезија, раскказ, драма, роман, литература за деца, книжевна критика и есеј.

Тиражот на антологиите за секој од шесте јазици ќе биде 500 примероци, а поради обемноста, проектот ќе се реализира етапно и најдоцна до 2015 година.
 

Објавено на 22/2/2012 во 14:18

Градската општа болница „8 Септември“ и Центарот за дијализа во Железара добија нови апарати за дијализа

Автор: 
Елизабета Дамјаноска

 

Град Скопје со еден милион, и општина Центар со 200.000 денари помогнаа да се набават два нови апарати за дијализа. За иницијативата е заслужно здружението на бубрежно болни, Нефрон, а први на  упатениот апел се јавиле токму градоначалниците Коце Трајановски и Владимир Тодоровиќ.

Тие изразија надеж дека и останатите општини ќе го следат нивниот позитивен пример, и ќе се вклучат во помагањето на набавка апаратура за бубрежно болните.

Тодоровиќ го искажа сопственото задоволство што општината Центар имаше можност да влезе во оваа хумана акција, иако со поскромни, сепак, со средства, кои според Тодоровиќ, ќе им се подобри животот на бубрежно болните.

Директорот на општата градска болница 8 Септември, Сашо Стојчев, истакна дека Министерството за здравство досега има купено десет вакви апарати кои ќе бидат ставени во употреба во новиот центар за дијализа, кој се очекува да биде отворен на Денот на здравјето - 7 април.

Од Нефрон очекуваат во иднина да добиваат поголема помош, за да се подобри квалитетот на живот, на бубрежно болните.

Објавено на 22/2/2012 во 14:10