Кардашијан со уште едно порно видео

 

Три четвртини од домаќинствата во Хрватска се соочуваат со недостиг на пари

 

Адел и Ед Ширан освоиа по две БРИТ награди

 

 

 

 

 

Во Бугарија отворена прва кинеска фабрика за автомобили во Европа

 

ОУ Вера Јоциќ победник на турнирот во футсал за девојчиња

Вардар про забележаа минимална победа од 23-22 на гостувањето во Шабац против тимот на Металопластика

Општина Центар започна со активностите за изградба на новопроектирана улица, крак на ул.Максим Горки

 

Комплетирани првите осминафинални средби од Лигата на фудбалските шампиони

Во Бугарија отворена прва кинеска фабрика за автомобили во Европа

Автор: 
Марија Петковска

 

Во Бугарија е отворена фабрика на кинеската автокомпанија „Great wall motors“ и тоа е прв кинески погон за изработка на автомобили во Европа.

Планот на компанијата е извоз на тие автомобили на европскиот пазар.

Фабриката е отворена во близина на селото Баховица, на север во Бугарија.

Во фабриката, изградена во соработка со бугарската Литекс мотори, ќе се вработат 150 луѓе и годишно ќе се произведуваат околу 4.000 автомобили.

Плановите се производство во иднина на 50.000 автомобили и 2.000 вработени.

Првите автомобили за извоз во Македонија, Албанија и Црна Гора се очекуваат до крајот на 2012 година, а оваа година се очекуваат и преговори за продажба во Србија.
 

Објавено на 22/2/2012 во 19:10

Три четвртини од домаќинствата во Хрватска се соочуваат со недостиг на пари

Автор: 
Марија Петковска

 

Секое хрватско домаќинство во текот на минатата година во просек располагало со по околу 6.610 куни или 890 евра месечно, сума која според три четврини од нив била недоволна за нормален живот.

Според истражувањето , 72% од домаќинствата во Хрватска сметаат дека нивните месечни приходи се пониски од неопходните за нормален живот, 8 % сметаат дека им се повисоки, а 17 % дека имаат токму онолку колку што им е потребно.

Анкетираните сметаат дека за задоволување на основните месечни потреби на едно семејство се потребни најмалку околку 1.200 евра.

Најголем дел од месечните приходи или 29 %, едно домаќинство издвојува за храна и пијалоци, а ако на ова се додадат и трошоците за струја, греење, вода и комуналии, произлегува дека само за задовлување на основните животни потреби едно домаќинство во Хрвтска троши 48 % од заработеното.

Во споредба со 2010 година, минатата година Хрватите потрошиле за 5% помалку средства за храна и пијалоци, за 7% помалку за превоз, а за 13 % помалку за облека и обувки.
 

Објавено на 22/2/2012 во 19:05

Глобалното производство на челик намалено за 7,8%

Автор: 
Марија Петковска

 

Глобалното производство на челик во текот на минатиот месец е намалемо за 7,8 % на годишно ниво, а само во Кина, која е најголем светски производител на челик, е регистриран пад од околу 13 %.

Причина за намаленото производство е падот на побарувачката во индустрискиот сектор, предизвикана од несигурните перспективи на глобалниот економски развој.

Во јануари 2012 година ширум светот вкуно се произведени 117 милиони тони челик, што претставува пад од 7,8 % во однос на истиот месец минатата година.

Во првиот месец од оваа година во Кина се произведени вкупно 52,1 милиони тони челик, додека во вториот по големина производител на овој репрометеријал во светот Јапонија, се произведени 8,6 милиони тони, што претставува намалување на годишно ниво од 10,6 %.

Експертите за челик и железо минатата година предвидуваа значително зголемување на побарувачката на челик во текот на оваа година, но ваквите прогнози засега не се остваруваат.
 

Објавено на 22/2/2012 во 19:00

Трошоците на живот во јануари повисоки за 1,2 %

Автор: 
Марија Петковска

 

Цените на мало во јануари годинава во однос на декември минатата година биле повисоки за 1,6 %, а трошоците на живот за  1,2 %. Споредено со јануари минатата година во јануари годинава цените на мало и трошоците на животот се зголемени за 3,4 %, објави Државниот завод за статистика.

Порастот на трошоците на живот во јануари годинава во однос на декември минатата година од 1,2 % е резултат на повисоките  цени на зеленчукот за 10 %, сушеното овошје за 1,3 %, преработките од зеленчук за 0,7 %, тестенините и кондиторските производи за 0,6 % и месото и преработките од месо за 0,5 %. 

Во јануари статистиката евидентира пораст на трошоците на животот кај централното греење за 10,3 %, електричната енергија за домаќинствата за 7,8 %, нафтените деривати за 2,1 %, средствата за рекреација за 1,5 %, цврстите горива за 1,3 %, течните горива и гасот и патничките автомобили за 0,7 %, козметичките производи за 0,5 %, лековите и средствата за образование за 0,4%, облеката за 0,3 % и средствата за хигиена за 0,2 %.

Намалување на трошоците на живот во јануари во споредба со декември, е забележано кај овошјето за 3,1 %, мастите за 1,4 %, рибата за 0,6 %, јајцата за 0,4% и алкохолните пијалаци за 0,2 %.

Намалување на трошоците на живот има и кај садовите и приборот за домаќинствата за 0,8 %, обувките за 0,6 % и мебелот за 0,3 %.
 

Објавено на 22/2/2012 во 18:55

Црна Гора ќе приватизира 11 државни компании

Автор: 
Марија Петковска

 

Советот за приватизација, со кој претседавал црногорскиот премиер Игор Лукшиќ, усвоил план за приватизација за оваа година, со кој е предвидена продажба на 11 компании, кои моментално се во мнозинска сопственост на државата. 

Со моделот на приватно јавно партнерство под закуп ќе се понудат и бројни локалитети, стопански друштва и воено - туристички комплекси.

Главна цел на приватизацијата е зголемување на конкурентноста и ефикасноста на функционирањето на друштвата, поттикнување странски инвестиции и претприемништво во сите области, зголемување на вработеноста и подобрување на животниот стандард.
 

Објавено на 22/2/2012 во 16:01

Рекорден трговски дефицит во Јапонија

Автор: 
Марија Петковска

 

Јапонскиот трговски дефицит забележа нов рекорд во јануари бидејќи поради минатогодишната нуклеарна катастрофа дојде до раст на увоз на горивото, додека извозот беше погоден од силниот јен и падот на побарувачката во Европа.

Трговскиот дефицит во јануари изнесуваше 1,475 милијарди јени или 18,5 милијарди долари што е највисоко ниво од 1979 година.

Објавено на 22/2/2012 во 15:55

Од невремето што го погоди Балканот најголема корист ќе имаат македонските раноградинари

Автор: 
Марија Петковска

 

Од оваа пролет земјите од регионот ќе бидат снабдувани со свеж зеленчук од Македонија.

Поради лошата зима и ниските температури и дебелата снежна покривка земјите од регионот меѓу кои Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, оваа пролет ќе имаат недостиг од раноградинарски култури затоа ќе биде зголемен увозот од Македонија.

Невремето кое го погоди регинот ги уништило многуте пластеници и оранжерии, затоа земјите ќе се соочат со намалено производство на зеленчук.

Аналитичари велат дека Македонија е единствена земја која успеала да се справи и е помалку погодена од невремето но затоа пак најголема корист од ваквата ситуација ќе имаат македонските производители.
 

Објавено на 22/2/2012 во 15:49

БХ ерлајнс ги откажа планираните летови кон Скопје

Автор: 
Марија Петковска

 

БХ ерлајнс ги откажа планираните нови летови за Скопје, Дизелдорф и Виена, кои требаше да бидат лансирани со летниот ред на летање, што стартува на крајот на март.

Продажбата на билетите најпрво била прекината на почетокот на јануари, а сега летовите се целосно избришани од глобалниот систем за резервации.

Летовите до Скопје и Виена требаше да бидат промовирани на 25 март со по пет неделни летови до секој од нив.

Летовите кон Виена еднаш веќе беа суспендирани во мај 2011 заради слабиот интерес.

Аустријан ерлајнс ќе лета двапати дневно летово од Виена до Сараево.

Летовите кон Дизелдорф беа планирани да започнат на 2 јуни со динамика од двапати неделно.

БХ ерлајнс започна да ги откажува и летовите кон Амстердам.

Сите летови кон овој холандски град привремено се суспендирани во периодот од 4 март до почетокот на април. БХ ерлајнс ќе има откажувања на летовите кон Истанбул во текот на февруари и март, Копенхаген е привремено суспендиран до април, додека за Цирих ќе се лета само еднаш неделно до почетокот на летната сезона.

Откажувањето на сите овие летови со Скопје, Дизелдорф и Виена нема да влијае врз сезонските линии на компанијата со Гетеборг и Стокхолм, кои треба да бидат лансирани во јуни.
 

Објавено на 22/2/2012 во 15:40

Контролорите на летање на франкфуртскиот аеродром денеска започнаа 48-часовен штрајк што доведе до откажување на 223 летови

Автор: 
Марија Петковска

 

Германската авиокомпанија „Луфтханза“, која држи повеќе од половина летови на аеродромот во Франкфурт, откажа околу 200 дојдовни и појдовни летови во внатрешниот и меѓународен сообраќај, освен интерконтиненталните летови.

Прекинот на работата на еден од најголемите европски аеродроми почна утрово во 5 часот и ќе трае до  среда во утринските часови.

Синдикатите бараат зголемување на платите на контролорите на летање за 65 до 70 % во зависност од стручната подготвеност, како и зголемување на бонусот и намалување на работното време. Ова е трет штрајк на франкфуртскиот аеродром во помалку од една недела. Во четвртокот поради прекин на работата беа откажани 172 лета, а во петокот околу 300, во најголем дел од „Луфтханза“.

Синдикатите овој пат се одлучија за штрајк поради спорот со управата на аеродромот околу платите и работните услови за околу 200 членови на аеродромскиот персонал.

Франкфуртскиот аеродром, со околу 1.300 летови дневно, е трет по промет во Европа зад лондонскиот „Хитроу“ и парискиот „Шарл де Гол“.
 

Објавено на 21/2/2012 во 9:06

Бугарија од утре пак ќе може да извезува струја во Македонија

Автор: 
Марија Петковска

 

Бугарија од утре повторно ќе може да извезува електрична енергија.

Бугарија, која е традиционален извозник на струја во Македонија и во Грција, а од минатата година по осумгодишна пауза и во Турција, пред десетина дена одлучи да го стопира извозот на струја поради тешките зимски услови во државата.

Како што е познато, македонската влада пред една седмица објави енергетска криза токму како резултат на неможноста за увоз на струја, во комбинација со недостокот на електрична енергија во електроенергетскиот систем.
 

Објавено на 21/2/2012 во 9:00