Холивудскиот актер Џорџ Клуни (50) призна дека понекогаш е осамен, дека навечер се бори да заспие и дека премногу пие. Исто така, тој откри дека во минатото пробал кокаин, но дека не му се допаѓало.
"Секој кој ќе каже дека никогаш не е осамен, лаже, а луѓето се најосамени во гужвите во клубовите. Отидете на некое место и завршете во најмалиот можен агол, бидејќи тоа ги оттргнува сите и на крајот уживате во својата осаменост", изјави Клуни во отвореното интервју за "Hollywood Reporter".
Глумецот призна дека е најосамен во лошите љубовни врски и додаде дека повеќе пати доживеал неговата партнерка да го изневери или остави за некој друг. Холивудскиот заводник кој е номиниран за Оскар за најдобра машка улога во филмот "Потомци", е разведен од актерката Талија Балсам, а моментално е во врска со професионалната борачка Стејси Кејблер.
"Понекогаш премногу пијам. Уживам во пијалакот и има моменти во мојот живот кога ја поминав границата помеѓу забавата и опивањето до доцна во ноќта без било каква причина. Ама неодамна престанав. Немам испиено алкохол од новогодишната вечер", рече Клуни.
Тој наведе и дека навечер се буди по пет пати, а најчесто си легнува околу 10 часот навечер, а освен тоа, призна и дека пробал кокаин кога бил помлад.
"Шмркањето апсолутно не ме подига", истакнал тој. Актерот се шегуваше дека не може да се кандидира за некоја јавна функција бидејќи спиел со премногу жени, консумирал премногу дрога и бил на премногу забави.
Тој изјави дека бил несреќен и неуспешен во многу работи во животот, пред да го стекне статусот на филмска ѕвезда во телевизиската серија "ER" од 1994 година.
Исто така, Клуни додаде дека после повредата на главата која ја претрпел за време на едно снимање во 2005-та година, живее со хронични главоболки.