"Априлијада 2018" одбележана во о. Бутел

"Априлијада 2018"

Општина Бутел го одбележа Денот на шегата. Во одбележувањето учество земаа учениците од седумте основни училишта, како и најмладите од детската градинка "11 Октомври".

 

За да не се наруши редовната настава и работниот ден во општинските основни училишта, оваа година Денот на шегата се одбележа во секое училиште посебно. Градоначалникот Велимир Смилевски како и претставници од Општината ги посетија сите училиште и посвети внимание на секоја првоаприлска парада. Градоначалникот истакна дека секогаш ќе ги поддржува ваквите манифестации затоа што го разубавуваат животот.


Во училиштата можеа да се видат најразлични маски, принцези, зајачиња, индијанци, кловнови, мачиња, каубојци, бетмени, пеперутки секој со својата креативност и мораме да признаеме дека сите беа убави. Децата денот на шегата го искористија барем еден ден да станат еден омилен лик од приказните и цртаните филмови.


Сите маскирани ученици оваа година беа наградени со пригодни подароци од Општината, а им беа доделени и благодарници за учеството на најомилената манифестација кај децата "Априлијада 2018".





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.