Наградени најубаво украсените дворови во о. Бутел

Најубаво украсени дворови во Бутел

Општина Бутел традиционално и оваа година ги наградени најубаво украсените куќи во општината. Новитет оваа година е што сите тројца наградени, благодарение на беспрекорното украсување добија прво место, наместо прво второ и трето место.

 

Наградите ги додели градоначалникот Велимир Смилевски кој нагласи дека оваа убава традиција, која тој ја наследил од неговиот претходник ќе продолжи и во иднина.

 

Првонаградени се Денчо Јосимов за креацијата од украси и светилки со наслов ,,НОВОГОДИШНА И БОЖИЌНА МАГИЈА,,, Сашо Тодоров за неговиот двор кој е украсен во стилот на ,,НОВОГОДИШЕН ПАНАЃУР,, и Евица и Мирко Мариќ за нивниот украсен двор и куќа со светилки во бела боја заради што нивната креација носи наслов ,,НОВОГОДИШНА БЕЛА УБАВИНА,,.


Сопствениците на трите најубаво украсени дворови за новогодишните и божиќните празници бeа наградени со по 5 000,00 денари а добија и специјални благодарници од општина Бутел.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.