Советниците во општина Бутел не избраа претседател на Советот

Совет на општина Бутел

Двајца советници ја напуштија советничката група на СДСМ во Бутел, што предизвика пресвртница во текот на работењето на општинскиот совет, а тоа пак придонесе за неможност да се избере претседател на Советот.

 

Неочекуван пресврт во советот на општина Бутел, се случи на првата, конститутивна седница. Имено, пред да се усвои дневниот ред пресвртот на седницата го направи Чедо Николовски од Социјалдемократската унија, инаку коалиционен партнер на СДСМ, кој објави дека тој и советничката Анкица Поповска од Либералната партија на Македонија исто така коалиционен партнер на СДСМ, ја напуштаат коалицијата и ќе дејствуваат како независни советници.


По ова советниците од од СДСМ предложија од дневниот ред да се симнат точките што се однесуваат на избор на претседател на Советот. За ова нивно барање гласаа само седум советници: шест од СДСМ и еден од ДУИ, додека за предложениот дневен ред се изјаснија: осум советници на ВМРО ДПМНЕ и двајцата независни, а двајцата советници од БЕСА и Алијансата на Албанците беа воздржани. На конститутивната седница беа верификувани само мандатите на советниците, а за претседател на Советот на општина Бутел ќе се одлучува на наредната седница, бидејќи до кандидационата комисија не беше доставен ниту еден предлог за избор на претседател на Советот на општина Бутел.


Со седницата претседаваше највозрасниот советник Мирче Тодоровски од редовите на коалиционата листа на ВМРО ДПМНЕ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.