„Текстилијада" во Штип

„Текстилијада"

Дебати, изложби на слики и постери, ќе бидат само дел од првата „Текстилијада“ што ќе се одржи во Штип со поддршка на Министерството за култура и фондацијата „Фридрих Еберт“.


Манифестацијата почнува денеска, ја организира здружението „Гласен-Текстилец“, а целта е поттикнување на текстилните работници синдикално да се организираат. 


Во „Тесктилјада“ се вклучени и студентите од Академијата за ликовна уметност во Штип кои преку изложбата на слики ќе се обидат да го прикажат проблемот на текстилните работнички.


- Првата „Текстилијада“ почнува со дебатата „Со локални сили заедно за иднината на текстилните работници“ чиј модератор ќе биде Ивана Вучкова, а меѓу панелистите ќе бидат и градоначалниците Благој Бочварски и Николчо Илијев, како и претседателката на текстилниот калстер Маријана Перковска, информира Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.