Депозитите во септември намалени за 0,5 отсто, на годишно ниво зголемени за шест проценти

Пад на вкупните депозити

Вкупните депозити во банките во септември бележат пад од 0,5%, но на годишно ниво е евидентиран раст од шест проценти, соопшти НБРМ.

 

Во септември, вкупните депозити на корпоративниот сектор се намалени за 4,4%, со изедначен придонес на денарските и девизните депозити. На годишна основа, пак, има зголемување од 5,6%, кој произлегува од растот на денарските депозити.

 

Кај депозитите на домаќинствата е евидентиран месечен раст од 0,8% и годишен од 5,6%, кој во поголем дел произлегува од растот на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута.

 

Извор: МИА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.