Се формира координативно тело за борба против загадувањето во Аеродром

Општина Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, вчера оствари средба со заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули и експерти од областа на заштита на животната средина и енергетска ефикасност.


На средбата, како што соопштуваат од општината, договорено е формирање на координативно тело за борба против загадувањето, во кое би учествувале сите скопски општини, Град Скопје и Министерството за заштита на животна средина и просторно планирање. Исто така, се дискутирало за потенцијални мерки, кои би се реализирале на краток и подолг рок.


Потребата од интегриран пристап и координирани активности за борба против загадувањето била и еден од предлозите по средбата со граѓанскиот сектор, и е очигледна за сите засегнати институции, додаваат од општината.


Соработката почнува во рамките на проектот „Пријави загадувач“, со цел да се опфатат сите правни субјекти, за кои се надлежни различни институции. Конкретно, Општина Аеродром е надлежна за правните субјекти кои се задолжени со елаборати за животна средина, за правни субјекти со Б интегрирана дозвола е надлежен Град Скопје, а за индустриски капацитети/производни погони кои поседуваат А-интегрирана дозвола е надлежно Министерството за животна средина и просторно планирање.


Се надеваме дека Координативното тело ќе овозможи ефикасни и навремени интервенции за сите правни субјекти и дека преку оваа соработка ќе успееме да воспоставиме и интегрирана база на загадувачи, кои сите служби ќе можат редовно да ги следат и регулираат, додаваат од општината.


Како мерка против загадувањето Општина Аеродром воведе двосменско работење на комуналните инспектори, кои се достапни секој ден од 08:30 до 22:00, на телефонскиот број ‎075 316 515.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.